Коцкарите во русија во текот на 17 век наоѓале креативни начини да ги зибегнат казните поради строгите забрани кои биле наметнати од државата во тоа време, покажува новото откритие на тим руски научници.
Цар Алексеј кој владеел од 1645 година ги казнувал љубителите на игрите со карти и други облици на комар со каменување или отсекување на ушите на играчите.
Така љубителите на игрите морале да смислуваат сложени трикови за да не бидат фатени на дело. Една ваква невообичаена метода на игра пронајдоа археолозите во регионот Псков, на околу 620 километри западно од Москва.
Истражувачите пронајдоа табла слична на шахот, што исто така била забранета во тоа време.
Во случај на претрес во тогашното „подземно казино“, играчите би можеле брзо да ја сокријат играта со тоа што едноставно седеле на клупа или ја покривале со крпа.
Од рускиот регионален археолошки центар, потсетуваат дека пронајдоа и бројни делови од оваа игра минатата година. Според нивните истражувања, ова казино работело во втората половина на 17 век.
Текстот Руски археолози откриja подземно казино од 17 век е превземен од USB.mk.