Популарниот музичар Ѓорѓе Балашевиќ доживеал инфаркт и во моментов се наоѓа во болницата за кардиоваскуларни болести во Сремски Карловци, каде што лекарите му се вградиле стентови, пишуваат српските медиуми. Според „Блиц“, операцијата е завршена, Балашевиќ се чувствува добро и наскоро ќе биде пуштен на домашно лекување.
Пејачот претходно го откажа концертот во Крагуевац што требаше да го одржи вечерва, 15 ноември.
„Жал ми е што морам да ви кажам дека ќе го одложиме вечерашниот концерт. Животот некогаш прави планови без нас. Но, здравјето е најважно од се“, стои на фан страната на пејачот.
Балашевиќ е еден од најпопуларните пејачи во поранешна Југославија. Панонскиот морнар, како што го нарекува публиката, во долгата кариера испеа многу хитови, меѓу кои и „Девојка са чардаш ногама“, „Прича о Васи Ладачком“, „Божа звани пуб“, „Рингишпил“, „Нењ ломите ми багрење“ и многу други.
Текстот Ѓорѓе Балашевиќ доживеал инфаркт е превземен од Reporter.mk.