На летот од Лондон до Синдеј можете двапати да видите како изгрева Сонцето

Австралиската воздухопловна компанија „Квантас“ успешно го обави најдолгиот непрекинат комерцијален лет во историјата. Овој лет трае 19 часа и 19 минути, а авионот поминува повеќе од 17.800 километри од Лондон до Сиднеј.

Авионот на пробниот лет, со Боингот 787 Дримлајнер, пренесе 50 патници и откако слета во Сиднеј, му остана гориво за уште еден час и 45 минути лет, пренесува „Ројтерс“. Од лондонскиот аеродром, авионот полета во четвртокот утрото во 6:00 часот. На овој лет, патниците имаа можност двапати да го видат изгрејсонцето.

Ова е втор пат во историјата, патнички авион на „Квантас“ на непрекинат лет да ја помине воздушната линија од Лондон до Сиднеј. Во 1989 година, „Боингот 747-400“, помина пат меѓу два града за повеќе од 20 часа.

„Квантас“ почна да лета меѓу Лондон и Сиднеј во 1947 година и тогаш било потребно пет дена за да се мине таа воздушна линија, со шест попатни слетувања. Лани австралискиот авиопревозник ја почна линијата од Перт до Лондон, единствениот директен лет меѓу Австралија и Европа, кој трае 17 часа летање.

Минатиот месец оваа компанија успешно изврши уште еден од најдолгите непрекинети комерцијални лета на линијата од Њујорк до Сиднеј. Тој авион помина 16.200 километри и патуваше 19 часа и 16 минути.

Текстот На летот од Лондон до Синдеј можете двапати да видите како изгрева Сонцето е превземен од Reporter.mk.