Македонскиот моден бренд „Елена Лука“ вторпат во три месеци се најде на страниците на британскиот „Вог“. Модел од овој бренд е претставен и во празничното издание на еден од најпопуларните светски модни магазини. Креацијата на Лука се најде во рубриката во која списанието ја запознава својата публика со дизајнери „што се вредни да добијат светско внимание“. Покрај македонскиот, списанието промовира уште десет други модни брендови.
Инаку на насловната страница на декемвриското издание на „Вог“ е популарната глумица Ема Вотсон.
Текстот Елена Лука во празничното издание на „Вог“ е превземен од Reporter.mk.