Публиката ја запозна 17-годишната глумица Мeдисон Де Ла Гарза пред десетина години, кога ја гумеше буцката Хуанита Солис, ќерка на Ева Лонгорија во хит-серијата „Очајни домаќинки“. Медисон денес е ослабена и згодна, и често објавува слики на социјалните мрежи.
Улогата на Хуанита ја добила на само 7 години. Таа се уште се занимава со актерството, но приоритет ѝ е школувањето.
Инаку, нејзина полусестра е пејачката Деми Ловато. Двете девојки се многу блиски.
„Мислам дека кога луѓето ми кажуваат дека би сакале да ја имаат Деми за сестра, не разбираат како е да се биде во роднински врски со некој што е константно на турнеја. Сепак таа секогаш наоѓа време за мене. Кога е дома имаме однос како и сите сестри“, рече во едно интервју Медисон.
Текстот (Фото) Дебелката ќерка на Ева Лонгорија од „Очајни домаќинки“ денес е згодна е превземен од Reporter.mk.