Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е вклучен во бројни хуманитарни активности, но за неговата работа се знае малку. Тој формираше своја фондација во 2004 година, и според медиумите, досега обезбедил школување и храна за околу еден милион деца, најголемиот дел од нив во Африка.
Основната цел на фондацијата е да го подобри образованието за децата, особено на места каде што има ограничен пристап. Во изминатите 15 години, Федерер отвори училишта низ целиот свет. Во Африка има изградено 81 училиште и над 50 предучилишни установи.
За време на една од неговите посети на училиштата во Малави, Федерер изјави дека е среќен што може да помогне.
„Среќен сум и емотивен што можам да видам одлично образование со ваков квалитет овде – тоа е многу необично. Заедницата е толку посветена да им помогне на децата, а тоа е многу важно како основа за учење “, рекол тој.
За потсетување, тенисерот пред неколку години беше амбасадор на УНИЦЕФ.
Текстот Роџер Федерер обезбеди школување и храна за милион деца е превземен од Reporter.mk.