Елон Маск тврди дека неговата компанија Neuralink би можела да ги „реши“ проблемите кои доаѓаат од шизофренија и аутизам, преку AI чипови кои би биле имплементирани во мозочните ткива на корисниците.
Чиповите се замислени како сегменти кои се засилени со вештачка интелигенција и кои ја мерат и стимулираат активноста на мозокот. Маск тврди дека чиповите, исто така, ќе можат да ги решаваат и проблемите што произлегуваат од нервниот систем, и како што вели, „од аутизам, преку шизофренија, до губење на меморијата во староста“. Експертите подоцна одговорија, за да посочат дека аутизмот не е болест, и дека затоа не може да се излечи, а многумина кои живеат со аутизам ја чувствуваат оваа состојба како витален дел од нивниот идентитет.
Neuralink е основанa во 2016. година, а деловните активности на компанијата пред две години беа затворени за јавноста. Ситуацијата се промени во 2019. година, па заинтересираните кои чекаа Neuralink да покаже колкав напредок е постигнат во последните неколку години во креирањето на интерфејсот за интеракција меѓу човекот и мозокот со компјутерите би можеле да слушнат многу повеќе од очекуваното – приказни кои одат во чекор со најегзотичните научни-фантастични сценарија. Поточно, компанијата во јули потврди дека креирала робот што може да интегрира импланти за интеракција со компјутерите длабоко во човечкиот мозок.
Резултатите се добиени врз основа на тестирањата на лабораториските глувци, во чии мозоци биле имплементирани 1.500 електроди за кои се уште не може со сигурност да се тврди дека би функционирале и во човековиот мозок. Ако се покаже како функционална, технологијата на прво место, како што тврдат во компанијата Neuralink, би требало да послужи за враќање на подвижноста, видот и способноста за говор и сетилото за слух на оние кои ги изгубиле, додека Елон Маск тврди дека поврзувањето на мозоците со компјутерите ќе биде единствен начин да се одржи чекор со развојот на вештачката интелигенција. Сега на листата се приклучија и други функции, но јасно е дека Маск не е секогаш внимателен кога зборува за новите Neuralink технологии.
Текстот Елон Маск: AI чиповите можат да го „излечат“ аутизмот и шизофренијата (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.