Оружјето со ознаката АК-46 однадвор личи многу на легендарниот АК-47, но според конструкција драстично се разликува од него.
АК-46 е првиот автомат што го направи Калашников за да учествува на конкурсот за ново оружје на советската армија. Работата на автоматскиот механизам има сличности со американската полуавтоматска пушка М1 Garand: краток од на гасниот цилиндар сместен над цевката и ротирачки затворач, додека целата конструкција и надворешноста во голема мерка е наследена од германската пушка StG-44. Евидентно е влијанието на Хуго Шмајзер, кој заедно со други германски оружари по војната беше интерниран во Ижевск. И покрај толку репрезентативната „генеалогија“, АК-46 беше отфрлен по вториот круг тестирања, а Калашников по година дена направи нов автомат, а овој пат самиот ја дизајнираше конструкцијата. Тоа беше легендарниот АК-47.
На видеоснимката е прикажан шестиот примерок на АК-46 од експерименталната серија. Контролните механизми (рачката на затворачот, осигурувачот и регулаторот на стрелба) се наоѓаат на левата страна. Капакот на сандакот, затворачот и останатите делови имаат сосема поинаква конструкција од класичниот АК. Автоматот со калибар 7,62х41 мм со рамка без куршуми тежи 4,328 кг, вкупната должина му е 950 мм, а дострелот 800 метри.
Извор: Russia Beyond
Текстот Првиот автомат „Калашников“ прикажан на видеоснимка (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.