Припадниците на рускиот мотоциклистички клуб „Ноќни волци“, кои се блиски и со претседателот на Русија, Владимир Путин, го развеаа на Антарктикот најголемото руско знаме, чија површина изнесува 1423 квадратни метри.
Необичната акција е изведена по повод Денот на националното единствно на Русија, кое се обележува на 4 ноември.
„На Антарктикот стигнавме дестици луѓе. Патувавме неколку дена. Ноќевавме покрај крајбрежјето во една напуштена база“, изјавил Јуриј Волков, претседателот на патриотската организација „Сите светови“.
Групата претходно ова знаме го развеа и на Кавказ, Бајкалското езеро, на Крим и во Москва. „Ноќните волци“, кои некогаш важеа за мото-клуб, кој не ги почитува законите, во последните неколку години станаа неизоставен декор на патриотска Русија, односно ширење на рускиот национализам. На членовите на клубот им е забранет во неколку европски земји и САД и против нив се воведени санкции.
Текстот Путиновите моторциклисти го освоија Антарктикот е превземен од Reporter.mk.