Популарниот поранешен фудбалер Дејвид Бекам за време на една посетата во јапонски ресторан проба сперма од бакалар. Тој е голем обожавател на рибни специјалитети и за време на вечерата нарача разни видови морски плодови, јастог, лосос, медуза.
„Ова има вкус на мозок од свиња. Изгледа како крема и е многу слатко и вкусно“, изјавил Бекам.
Тој им порача на фановите дека следната година има желба да отвори хотел во Макао заедно со својот пријател, светскиот кувар Гордон Ремзи.
Хотелот ќе има минијатурен Биг Бен и многу други делови кои ги има градот Лондон. Надворешниот дел на хотелот ќе изгледа како Вестминистерската палата и Парламентот, а ќе има и стаклен дел по примерот на хотелите со пет ѕвездички во британската престолнина.
Текстот (Фото) Бекам проба сперма од бакалар е превземен од Reporter.mk.