Андријана Поп-Арсова освои бронза на Балканското првенство во маратон

Македонската маратонка Андријана Поп-Арсова (29) освои бронзен медал на  Балканско првенство во маратон, Белград, Србија, кое се одржа викендов. Андријана со време од 3.05.04 секунди  лани го постави новиот државен рекорд за жени во маратон.

Таа истрча 42 километри на Скопскиот маратон и за две минути го подобри пласманот од претходната година. Андријана, од пред пет години се занимава со атлетика, па освен што трча за репрезентацијата на Македонија, е член на атлетскиот клуб „Делта“.

Од ланското интервју кога го освои државен рекорд за жени на Скопскиот маратон

Текстот Андријана Поп-Арсова освои бронза на Балканското првенство во маратон е превземен од Reporter.mk.