Поп-пејачката и професорка по виолина Андријана Јаневска имаше концерт во Торонто, Канада. Таа настапи со „Евргрин бенд“ кој го преводеше маестро Беџо Синановски.
Полна под импресии таа раскажа дека тоа била незаборавна музичка ноќ.
„Вчерашната вечер беше една од најубавите во мојот живот. Прекрасен концерт, преполна сала, прекрасна публика и најдобри домаќини на свет“, напиша Јаневска, која веќе неколку дена е во Канада.
Освен настапот во Торонто, Андријана Јаневска ќе биде единствен претставник на Македонија во проектот „Планетарен оркестар“ што го организира „Универзал мјузик“ од Лондон. Таа ќе настапи како прва виолина во оркестарот во кој ќе свири по еден музичар од секоја земја од целиот свет. Оркестарот ќе ја отсвири композицијата „Together Is Beautiful“ на композиторот Џорџ Фентон.
Текстот Незаборавна ноќ за Андријана Јаневска во Канада е превземен од Reporter.mk.