Македонската пејачка Лина Пејовска има нова песна. Таа баладата „Нека те боли“ првпат ја испеа на фестивалот Kenga Magjike во Тирана, Албанија. Музиката и аранжманот за песната се на Дарко Димитров, а текстот го напиша Игор Џамбазов.
Лина веќе неколку години е дел од музичката сцена. Публиката првпат ја виде во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“, а потоа се натпреваруваше и во хрватското шоу „РТЛ ѕвезди – летен хит“, каде што беше една од милениците на жирито. Во Македонија настапи на неколку музички фестивали.
Текстот (Видео) Лина Пејовска промовира нова песна на фестивал во Албанија е превземен од Reporter.mk.