Актерката Јелена Јованова објави фотографија со сопругот, хрватскиот актер Стјепан Периќ. Сликата е од пред четири години, од нивната венчавка во Загреб. Актерката во моментов е актуелна како Јелена од Драчево од хумористичната серија „Преспав“.
Таа веќе шест години живее во Хрватска, каде на снимањето на серијата „Тајни“, го запозна Стјепан со кого се омажи.
“Не правевме свдаба, туку тоа повеќе беше журка во Загреб, со блех- оркестар од Штип“, ни откри неодамна во интервју за “Репортер“, актерката Јованова.
Таа ни раскажа дека Стјепан често доаѓа во Македонија, и дека ја обожава македонската храна. „На мени морам да имам тавче гравче и сарма. Секако дека ја сака и штипската пастрмалија’, ни раскажа Јелена.
Текстот (Фото) Јелена Јованова објави романтична фотографија со сопругот Стјепан е превземен од Reporter.mk.