На 22 декември „Љубојна“ ќе има прв акустичен концерт пред македонската публика. Концертот ќе се одржи во Националната опера и балет, со почеток од 19:30 часот.
„Ова е вистинска можност за публиката во една уникатна атмосфера да ги слушне сите големи хитови на групата. Акустичното е за душа, акустичното е за мерак!“, велат од „Љубојна“.
Претходно, во интервју за „Репортер“ Вера откри дека годината ќе ја завршат со концерт. „Со ова ќе одбележиме 18 години од формирањето на бендот“, рече тогаш таа, но раскажа и како со Оливер го формирале бендот и како почнала нивната љубовна приказна.
Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 22 ноември (петок) преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“.
Вера од „Љубојна“: Со „Парите се отепувачка“ ни почна љубовта со Оливер
Текстот Предновогодишен акустичен концерт на „Љубојна“ е превземен од Reporter.mk.