Четири месеци откако се породи, пејачката и водителка Бојана Скендеровски го покажа синот Ѓорѓи. Таа на социјалните мрежи објави прва слика од бебето, но и семејна фотографија на која е со сопругот Васко и ќерката Искра. „Фамилијата не е најважна, таа е сè“, напиша Бојана. Од пријателите доби коментари дека Искра е нејзина копија, ама дека синот повеќе личи на татка си.
Јавноста ја запозна Бојана преку музичкото натпреварување „М2 – потрага по ѕвезда“. Таа последниве неколку години е автор и водител на емисијата „Улица Македонија“.
Текстот (Фото) Бојана Скендеровски објави прва слика од синот е превземен од Reporter.mk.