Дара Бубамара колабираше, однесена со брза помош во болница

Дара Бубамара колабирала и итно е однесена во болница. Поради тешките диети што ги држи, пејачката се онесвестила во нејзиниот стан.  Дара изгубила свест, а нејзината пријателка повикала брза помош, па пејачката била итно однесена.  Иако пред една недела кога била болна и се јавила на преглед, лекарите ѝ рекле да мирува, таа не го почитувала  лекарското предупредување. Нејзините пријатели велат дека таа работи многу и се чини дека  претерала, а со месеци е на тешки диети, поради што ѝ ослабел имунитетот.

„Олеснителна околност беше тоа што Коста не беше таму затоа што детето ќе се исплашеше. Дара мора да се одмори, има слаб притисок, тие ја приклучија на инфузија, а потоа ѝ препишаа терапија.  И покрај тоа, таа имаше настап во Смедерево во саботата како ништо да не се случува со неа. Во неделата пак ѝ се влоши состојбата па таа самата мораше да повика брза помош за да ѝ даде инфузија бидејќи буквално не можеше да стане од кревет. Сега мора повторно да мирува и да закрепне“, вели нејзината пријателка.

Текстот Дара Бубамара колабираше, однесена со брза помош во болница е превземен од Reporter.mk.