(Видео) Правел склекови на олтар и заработил казна од 600 евра

Германскиот уметник Александер Карл заработил 600 евра казна затоа што правел склекови на црквениот олтар.

Неговата изведба во базилката „Свети Иван Крстител“ била прогласена за прекршување на верските обичаи.

„Ја прифаќам казната“, изјавил Карл пред судот и најавил дека ќе размисли дали ќе поднесе жалба до сојузниот суд затоа што пресудата ја смета за повреда на правата на уметничката слобода.

Карл направил 26 склекови на олтарот за 92 секунди. Изведбата ја снимил и видеото го поставил на „Јутјуб“ канал.

Истото го направил и минатата година, а тогаш платил казна од 700 евра.

Текстот (Видео) Правел склекови на олтар и заработил казна од 600 евра е превземен од Reporter.mk.