Хрватската пејачка Јелена Розга од летово ужива во љубовта со 12 години помладиот белграѓанец. Таа не сака да зборува во јавноста, но, како што пишуваат медиумите, таа е среќна во љубовта.
„Разликата од 12 години не им предизвикува никакви проблеми. По Стефан Хаусер, кој беше грешка за неа, на Јелена ѝ требаше човек што ќе биде сосема спротивното од него“, велат нејзините пријатели.
Се вели дека Розга сака нивната врска да биде тајна барем некое време.
„Јелена не сака да ги изгуби приватноста и среќата што ги има сега. На почетокот таа го замоли дечкото да не открива по секоја цена дека е со неа. За нив знаат само нивните најблиски пријатели и сигурно нема да бидат подготвени некое време да излезат и да кажат дека е заљубена во многу помлад маж. Сепак, тие планираат заедничка иднина и прашање на време е кога ќе ја откријат врската“, пишуваат медиумите.
Текстот Јелена Розга има 12 години помлад дечко е превземен од Reporter.mk.