Канје Вест ја најави својата прва опера

Американскиот рапер Канје Вест изјавил дека во иднина има желба својот музички репертоар да го прошири со опера. Тој веќе смислил име и за својата следна продукција „Набукодоносор“, која ќе биде изведена во Лос Анџелес на 24 ноември. Инспирација за името добил од вавилонскиот крал Набукодоносор Втори.

Тој се споредил со античкиот крал велејќи дека и тој страдал од биполарно растројство.

„На Набукодоносор му беше дијагностицирано биполарно растројство, но тоа не го спречи да стане крал“, изјави американскиот рапер, кој неодамна се прогласи за најголем современ уметник.

Музичарот најави оперска продукција во текот на викендот, во која ќе настапи госпел-хорот Sunday Service, со кој годинава изведе голем број духовни христијански песни.

Вест вели дека операта ќе ја изведе во калифорниската сала „Холивуд боул“, а ќе биде во режија на италијанската концептуална уметница Ванеса Бекрофт.

Ванеса и претходно работела со Вест и била негова блиска соработничка. Двајцата рабоеа заедно на модниот бренд Yeezy.

 

Текстот Канје Вест ја најави својата прва опера е превземен од Reporter.mk.