Голем број теоретичари на заговор сметаат дека во наредниот период големи се шансите да се оствари предвидувањето на најголемиот пророк во историјата Нострадамус и дека некој ќе се обиде да изврши атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп.
Следбениците на Нострадамус се убедени дека тој ги има предвидено сите монументални настани низ историјата, како и оние кои допрва треба да се случат.
Крег Хамилтон-Паркер, британски пророк изјавил за „Екпрес“ дека Нострадамус досега ги погодил сите настани поврзани за американскиот претседател. Тој го предвидел вооруженикот конфликт на Блискиот Исток, како и обновените односи со неговиот руски колега кои се случија годинава.
Единствена работа која Паркер вели дека Нострадамус не ја предвидел e Брегзит.
„Чувствувам дека предвидувањето на Нострадамус за обидот за Трамп ќе се оствари. Мислам дека Трамп ќе го добие и вториот мандат на наредните претседателски избори. Тој досега ја погоди војната на Блискиот Исток, склучениот договор и одличните односи кои Трамп ги има со Владимир Путин. Единствена работа која не ја предвиде Нострадамус е Брегзит“, вели Паркер.
Текстот Нострадамус предвидел атентат врз Доналд Трамп во вториот мандат е превземен од Reporter.mk.