Мила Москов, македонската претставничка на годинешната Јуниор Евровизија, вчера ја имаше својата прва проба во Гливице, Полска. Со ногата во лонгета, Мила излезе на сцената и ја испеа песната Fire. Таа е облечена во портокалово-црна комбинација, боја која го симболизира огнот во песната.
Песната на Мила е на англиски и македонски јазик, а ја напишаа Магдалена Цветковска – Ена и Лазар Цветковски.
Инаку, Јуниор Евровизија ќе се одржи во недела, 24 ноември, во Гливце, Полска, а Мила ќе пее четврта по ред.
Текстот (Видео) Македонската претставничка имаше прва проба на Јуниор Евровизија е превземен од Reporter.mk.