Синовите на Лепа Брена, Стефан и Виктор, се пофалија дека ја направиле сармата за славата Св. Архангел Михаил, која се слави во нивниот дом. Тие позираа со престилки додека виткаат сарма, а на сликата во позадина се гледа и Брена, која е со телефонот во рацете. Во подготовките за славата им помогна и Филип, најстариот син на Боба Живојиновиќ.
Инаку, пејачката и поранешниот тенисер секоја година канат многу пријатели и соработници на нивната слава. Во едно скорешно интервју Брена откри дека на крајот на вечерта гостите пеат, се свири на гитари и сите остануваат во нивниот дом до рано наутро.
Текстот (Фото) Синовите на Брена прават сарма за слава е превземен од Reporter.mk.