Неда Украден разочарана го напушти шоуто „Ѕвездите на Гранд“

Неда Украден беше гостин во  „Ѕвездите на Гранд“,  како член на жирито во саботната емисија. Пејачката разочарана го напуштила шоуто. Таа не сакала да ги коментира кавгите, но упатила критика на сметка на членови на жирито, кои според нејзино мислење, биле груби кон натпреварувачите.

„Не сум за тоа да се навредуваат кандидатите. Многумина кои биле отпишани потоа станале ѕвезди, и никој на почетокот веројатно не им дал шанса, некое жири или нешто друго, но тие на крај направиле добра кариера. Прашањето на слава е едно, ама не е само музички талент, желба или волја, туку тоа е збир на околности, типот на песните, соработници, на тој некој почетен импулс, кој може да биде и стимулација. А не потценување. И кога инаетот ќе проработи, тогаш нешто ќе се случи, само треба мотив, а не некого да навредуваш“ – изјавила Неда.

Како за потсетување, еден од кандидатите ѝ се обратил на „ти“, на што Марија Шерифовиќ му забележала и му рекла дека е „ненормален“.

„Не се навредив бидејќи тоа момче е од Шведска, а таму  сите се на ‘ти’. Но, дека треба да има малку повеќе почитување и респект, тоа секако“ – заклучила Украден.

Текстот Неда Украден разочарана го напушти шоуто „Ѕвездите на Гранд“ е превземен од Reporter.mk.