Мишел Обама, поранешната прва дама на САД, е номинирана за Греми награда за нејзината автобиографија „Моја приказна“ (Becoming). Таа е номинирана во категоријата најдобар албум со раскажување за аудиоверзијата на книгата, која излезе пред една година и бргу стана бестселер.
„Возбудена сум што ја добивам оваа номинација. Изминатава година беше едно значајно, возбудливо патување. Уживав додека ги слушав вашите приказни и ќе продолжам по патот на кој се спојуваме“, напиша таа на „Твитер“.
Нејзиниот сопруг Барак Обама двапати има добиено Греми, а меѓу поранешни добитници се и Мартин Лутер Кинг, Хилари Клинтон и Бил Клинтон.
На денот на издавањето беа продадени повеќе од 725.000 примероци во САД и Канада. Книгата е преведена на 30 јазици, меѓу кои и на македонски.
Текстот Мишел Обама номинирана за Греми наградата е превземен од Reporter.mk.