Популарната Алексис од „Династија“ сними празнична реклама за модниот бренд „Валентино“. 86-годишната Џоан Колинс стана заштитно лице на најновата кампања на светски познатиот дизајнер. Со круна на главата, таа танцува во црвен фустан од Валентино.
„Се надевам дека луѓето ќе трошат повеќе пари на облека, затоа што никој не се дотерува повеќе. Ако се дотераш, луѓето зјапаат во тебе или ти дадваат зајадливи забелешки… Можеби не зајадливи, но ќе речат ‘Види се колку си дотерана’. Тоа ми е жално, затоа што ќе дојде крајот на купување елегантна облека. Сите жени ќе завршат во фармерки и маички, што сметам дека е трагично“, рече Колинс во едно интервју за „Вог“.
Текстот (Видео) Џоан Колинс на 86 години стана заштитно лице на „Валентино“ е превземен од Reporter.mk.