Откриен фосил на мистериозна змија со нозе

Остатоците од мистериозната змија со задни нозе пронајдени се во Патагонија. Како што пишуваат од “Science Alert“, станува збор за одлично сочуван фосил од древен влекач со ретки екстремитети.

“Najash rionegrin“ името го добил по библиската змија со нозе Нахаш (на хебрејски јазик) и аргентинската провинција Рио Негро во која што овој фосил бил пронајден.

Фосилот на змијата со нозе стар е 95 милиони години. Овие ретки влекачи претходно веќе биле видени, откако бил откриен фосил на морска змија со екстремитети, но тоа што новите остатоци ја прават единствена е тоа што оваа змија живеела во пустина, а не во океан.

Исто така, фосилот не е испресиран со тежината на слоевите на седиментите па е сочуван во три димензии за разлика од фосилот на морската змија.

Овој фосил го пронашле истражувачи од Универзитетот Маимонидес во Буенос Аирес, а тие велат дека змијата имала задни нозе.

„Нашето откритие ја поддржува идејата дека предците на модерните змии имаат големи тела и усти наместо мали како што претходно се мислело“ – изјавил водачот на истражувањето, Фернандо Гарберољо.

Научниот труд исто така открил дека змиите порано имале задни нозе пред појавата на модерните змии кои воглавно немаат екстремитети.

“Najash rionegrin“ ќе им помогне на научниците да го пронајдат нивното потекло и да откријат како змиите ги изгубиле своите екстремитети во текот на времето.

Извор: Blic.rs

 

Текстот Откриен фосил на мистериозна змија со нозе е превземен од USB.mk.