Хали Бери се повреди на снимањето на новиот филм

Глумицата Хали Бери се повреди за време на снимањето на ММА драмата Bruised. Глумицата, која истовремено е и режисер на филмот, се здоби со полесна повреда од напорните тренинзи.

„Исцрпена е и потребна ѝ е пауза“, изјавил продуцентот на филмот, Брајан Пит, и објаснил дека снимањето ќе се одложи за некое време.

Бери им се заблагодари на фановите за поддршката што ја добива од нив.

„Не сум уморна. Будна сум и допрва ќе почнам со работа“, им порача Бери на фановите на „Инстаграм“.

Бери од 19 години се бори со дијабетисот и затоа за снимањето морала да ја прилагоди својата исхрана.

„Јадам еден куп свеж зеленчук, пилешко и тестенини. Избегнувам црвено месо и го намалив јадењето на овошје“, вели Бери која објасни дека наутро за доручек пие чаша исцедена лимонада и кафе.

 

Текстот Хали Бери се повреди на снимањето на новиот филм е превземен од Reporter.mk.