Фолк-ѕвездата Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ, вчера славеа Архангел Михаил. На славата им дојдоа многу пријатели, а меѓу нив беа и Северина со сопругот Игор Којиќ, Саша Поповиќ, Жика Јакшиќ, пејачката Сања Ѓорѓевиќ, блогерката Зорана и други.
Пред славата, синовите на Брена, Стефан и Виктор се пофалија дека тие ја направиле сармата и објавија неколку фотографии од подготовките за славата. Брена, пак, пред неколку години во интервју откри дека на нивната слава е секогаш забавно, дека се пее, свири и дека гостите остануваат до рано наутро.
Текстот (Галерија) Српската естрада на слава кај Брена, меѓу гостите и Северина е превземен од Reporter.mk.