Откако Јане Велковски пред два дена говореше на самитот на УНИЦЕФ во Њујорк, и од светските лидери побара да ја спречат дискриминацијата на децата со попреченост, познатиот францускиот фудбалер Пол Погба откри дека е восхитен од него. Тој на „Инстаграм“ објави слика од Јане. „Се гордеам со тебе, пријателе“, напиша фудбалерот на Манчестер Јунајтед.
Јане и Погба се запознаа лани во март, кога фудбалерот го покани Јане да му биде гостин во Англија, на мечот што Манчестер Јунајтед го играше против Севиља во Лигата на шампионите. Претходно Погба му испрати дрес на Јане и му порача никогаш да не се откаже од фудбалот.
За потсетување, Јане кој боледува од ретка болест, спинална мускулна атрофија, зборуваше на самитот на ОН во Њујорк, како претставник на децата со попреченост од Македонија. Тој таму го запозна и Дејвид Бекам.
Јане од Њујорк побара да запре дискриминацијата и се дружеше со Бекам
Текстот (Фото) „Пријателе се гордеам со тебе“, Пол Погба му се восхити на Јане е превземен од Reporter.mk.