Елон Маск, основач на производителот на електро автомобили Tesla, синоќа во Лос Анџелес презентираше нов автомобил на електричен погон наречен „Сајбертрак“. Автомобилот е теренец, пикап верзија за транспорт на патници и стоки, и целосно е направен од челик со бронирани стакла.
На презентацијата Маск повика вработен во компанијата да ја демонстрира издржливоста на шасијата и стаклата. Автомобилот издржа удари со голем чекан – стаклото не се скрши, а на шасијата немаше длабнатини и гребнатини.
Носечката конструцкија на електро пикапот е направен од ладновалан нерѓосувачки челик без нанесување боја, наречен и „егзоскелет“ (голем дел од достапните пикап возилата со средна и полна големина на американскиот пазар имаат рамна конструкција). Истиот челик е употребен во ракетата „Старшип“, со која компанијата на Маск планира да испрати луѓе на Месечината и на Марс.
Стаклата, поставени одделно, не се скршија ниту на тест за издржливост со употреба на голема метална топка. Но стаклата сепак се скршија на самиот автомобил, откако главниот конструктор, Франц фон Холцхаузен, испушти металната топка од висина од неколку метри.
И покрај тоа што тестот не успеа, Маск укажа дека топката се одбила и не завршила во салонот на автомобилот. Истакна и дека шасијата на „Сејбертрак“ е непробојна за куршуми со калибар од 9 мм.
Автомобилот ќе се продава во три верзии, со еден, со два или со три електрични мотори. Во зависност од моделот, батериите ќе бидат со досег од 402, 482 или 805 километри соодветно. Пикапот со максимална дополнителна опрема може да постигне брзина од 96.6 километри на час за 2.9 секунди.
Цената на најефтиниот модел е од 39.900 американски долари, додека тромоторниот ќе чини 69.900 долари. Производството на „Сејбертрак“ е планирано да започне кон крајот на 2021 година.
Tesla се обидува да привлече муштерии од најпобаруваниот сегмент на пазарот со автомобили во САД – теренските возила, каде примат имаат „Џенерал Моторс“, „Форд“ и „ФЦА“. Првите модели на електрични пикапи од „Форд“ и „Џи-Ем“ е планирано да се појават во продажба кон крајот на 2021 години.
На синоќешната презентација Маск изјави дека дизајнот на „Сајбертрак“ личи на модификувана верзија на автомобилот Лотус Еспирит од филмот со агентот Џемс Бонд „Шпионот кој ме сакаше“. Шасијата пак, обоена со ретки бои за нерѓосувачки челик, е слична на Делорен ДМЦ-12, автомобилот од трилогијата „Враќање во иднината“, чиј производиел подоцна банкротираше.
Текстот Tesla го презетираше своето прво електрично теренско возило е превземен од USB.mk.