Едвард Нортон му го спасил животот на Леонардо Дикаприо

Едвард Нортон (50) и Леонардо Дикаприо (45) со години се добри пријатели, а заедно го имаат снимано и документарецот на Леонардо за климатските промени, околу кои оскаровецот веќе долго време е ангажиран.

Нортон во едно интервју раскажал како љубовта на Лео спрема природата и желбата за истражување ќе биле фатални за малку.

„Бевме на Галапагос и нуркавме со океанографката. Знаевме дека Леонардо е „луд“ по животни и дека тука има некоја детска страст во себе. Во тој момент под нас пројде јато морски гулаби, а јас видов каков израз му се појави наликот. Тргна по рибите, а јас веднаш по него, бидејќи знав дека ќе остане без кислород, а тоа и се случи набргу“, објаснил актерот.

Нортон е долгогодишен искусен нуркач кој со својата проценка успеал да го спаси Дикаприо и да го извлече на површина.

Дикаприо открил како веќе трипати досега ќе загинел. Еднаш неговиот авион морал принудно да слета, бидејќи му експлодирало крило, се нашол очи во очи со ајкула, а третиот пат имал проблеми со падобранот при скокање од авион.

Текстот Едвард Нортон му го спасил животот на Леонардо Дикаприо е превземен од Reporter.mk.