Групата „Ју-Ту“ е прогласена за најуспешно концертно име во последните десет години, откако продала карти во вредност од повеќе од милијарда долари, објави магазинот „Полстар“.
Според податоците за турнеите низ цел свет, „Полстар“ утврдил дека ирската четворка заработила 1,03 милијарди долари од продажба на карти во периодот од ноември 2009 до ноември 2019 година.
На второто место е „Ролинг стоунс“ со продадени карти од 929 милиони долари, па следуваат Ед Ширан (922 милиони), Тејлор Свифт (900) и Бијонсе (857).
Текстот „Ју-Ту“ за 10 години продал карти за концерт во вредност од милијарда долари е превземен од Reporter.mk.