Во градот Хејуан на југот на кинеската провинција Гуангдонг, „отпечатена“ е една од најголемите деловни згради во светот во 3D, пренесува RT.
Оваа зграда, која е висока 7,2 метри и која се простира на 230 квадратни метри е изградена со оваа футуристичка технологија. На печатачот му беа потребни само 60 часа да се заврши овој комплексен проект.
Со помош на овие печатачи, времето за изградба во просек е намалено од два месеци на околу пет дена и ги намали трошоци за 40 проценти.
Проценетиот век на траење на овие згради е до пет децении.
Текстот Кина со помош на 3D печатач подигна зграда на височина од 7,2 метри (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.