За време на пробите на 17-то издание на Јуниорскиот Евросонг, Мила ги крена на нозе сите присутни во Арената Гливице во Полска. Со извонредниот настап на „Fire“, на музика и текст на тандемот Лазар и Магдалена Цветковски, 14-годишната Мила Москов од Прилеп, буквално ја „разгоре“ атмосферата помеѓу сите присутни во Полска.
Миленик на публиката, но и на медиумите, заслужено го доби највисокото признание од страна на интернационалниот медиа портал Destination Eurovision – Сертфикат за најдобар евровизиски пакет според мислењето на читателите, коешто и беше врачено пред сите присутни учесници и медиуми низ директен ТВ пренос на националната полска телевизија.
Текстот Мила Москов доби Сертификат за најдобар евровизиски пакет е превземен од Reporter.mk.