Семејството на американскиот музичар Принс, кој почина во 2016 година од предозираност со лекови против болки, поднесе тужба против неговиот личен лекар Мајкл Шуленберг за несоодветно лекување на музичарот.
Според тужбата, која беше поднесена во Минесота, Шуленберг e виновен за смртта на Принс.
Принс почина на возраст од 57 години, а во неговиот организам беа пронајдени многу високи концентрации на фентанил, аналгетик 100 пати посилен од морфиум.
Освен тоа, при истрагата во домот на музичарот беа пронајдени стотина други лекови против болки од кои тој бил зависен со години.
Шуленберг негираше дека направил нешто погрешно при лекувањето на музичарот, меѓутоа семејството го тврди спротивното.
– Тој не успеа да ги преземе соодветните постапки во дијагностицирањето и лечењето, како и да го спречи предвидливиот фатален резултат од зависноста. Тие пропусти значајно влијаеа врз смртта на Принс, се наведува во тужбата.
Семејството на музичарот, чие полно име е Принс Роџерс Нелсон, ќе бара отштета од најмалку 50.000 долари.
Освен Шуленберг со тужбата е опфатена и болницата во која лекарот работел.
Текстот Лекарот на Принс е крив за смртта, тврди семејството на музичарот е превземен од Reporter.mk.