Директорот на компанијата „Тесла“ Илон Маск изгуби 770 милиони долари, откако на претставувањето на новиот електричен камионет „Сајбертрак“, пукна стаклото, кое наводно требало да биде непробојно.
Шефот на дизајнот во „Тесла“ Франц фон Хозхаусен, за време на демонстрацијата удри со метална кугла во левиот преден прозор, по што стаклото пукна.
Акциите на компанијата на „Тесла“, изгубија на вредност по инцидентот, а Маск остана без речиси 770 милиони долари, објави „Форбс“.
Акциите на „Тесла“ паднаа за 6% на пазарот и сега нивната вредност изнесува 23,6 милијарди долари. Маск кој бил свесен за ситуацијата почнал да пцуе пред публиката.
Сепак и покрај ваквиот инцидент, Тесла прими речиси 150.000 нарачки од овој автомобил. Маск има 48 години и во моментов се смета за 41 човек на листата на најбогати личности на светот.
Текстот (Видео) Пукна непробојното стакло на камионот, а Маск изгуби милиони е превземен од Reporter.mk.