ОВЕН
Денот ќе ви биде поволен за работа. Задоволни сте од односот кои го имате со колегите и шефот и тоа ви дава дополнителна мотивација да продолжите со одличната работа. Врската со партнерот влегува полека во криза. Чувствувате дека се ближи крајот. Внимавајте на здравјето.
БИК
Уморни сте од големиот број работни обврски. Чувствувате дека не можете да се носите со темпото кое го наметнаа некои од колегите. Потребен ви е одмор. Во текот на денот ќе се запознаете и со личност која ќе има силни чувства кон вас. Наскоро ќе имате можност за почеток на нова врска. Внимавајте со здравјето. Можна е појава на настинка.
БЛИЗНАЦИ
Одлично сработената работа ќе ви ја зголеми самопочитта, а шефот и колегите сè повеќе ќе ве ценат. На крајот од месецот можно е да добиете зголемување на платата или унапредување. Ви се допаѓа личност која сте ја запознале на социјалните мрежи. Иако не живее блиску до вас, подготвени сте за врска во далечина. Со здравјето сè е во ред.
РАК
Постојано сте во трка со времето и не можете да се одморите од големиот број обврски. Поради преокупацијата со работа, правите многу грешки. Поведете повеќе сметка во односот со вашите шефови и колеги. Доаѓа период кога ќе ви се отворат многу можности за флерт, а можби и љубовна врска. Бидете поактивни и искористете ја секоја шанса. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на градниот кош.
ЛАВ
Никако да дојде крај на проблемите кои ги имате на работа. Постојано влегувате во кавги со колегите и шефот и тоа ви предизвикува страшен притисок. Не можете целосно да се посветите на извршувањето на задачите. Ако сте во врска, ве чека бурен период со партнерот. Подгответе се за големи расправии и чести кагви, но обидете се да не паѓате на провокации. Само така можете да ја зачувате врската. Внимавајте на здравјето и зголемениот притисок.
ДЕВИЦА
Денес ќе ги почувствувате последиците од погрешно донесените одлуки на работа. Ќе ви биде потребно време да се промените и да си ги признаете грешките. Осамени сте и тешко ви е што немате со кого да ги споделите убавите моменти. Чувствувате дека имате потреба да има некој покрај вас да ве ислуша. Подготвени сте за долга врска. Внимавајте на здравјето. Проблеми ви создаваат стресот и нервозата.
ВАГА
Конечно ќе ви тргне кога е во прашање работата. Задоволни сте од досега сработеното и остварените резултати. Вашиот шеф ќе го цени трудот и на крајот соодветно ќе ве награди. Ако сте во врска, ве чека поволен ден. Подгответе се за романтична атмосфера со партнерот. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.
СКОРПИЈА
Ќе ви се укаже можност за подобра заработка во наредниот период. Искористете ја секоја шанса и не дозволувајте ништо да ви застане на патот. Во моментов сте во врска со личност во која сте заљубени и сакате заедно да го поминете остатокот од животот. Сметате дека сте подготвени за брак. Внимавајте на здравјето. Би ви годела поголема физичка активност.
СТРЕЛЕЦ
Конечно ќе имате можност да ги реализирате желбите и плановите од порано. Искористете ја шансата и покажете го целиот ваш потенцијал пред колегите и шефот. На крајот нема да зажалите. Многу е веројатно на крајот од месецот да бидете соодветно наградени. Ве чека убав ден со вашиот партнер. За оние кои се слободни, големи се шансите да се запознаете со личност со која во иднина би можеле да влезете во врска. Со здравјето сè е во ред. Полни сте со енергија.
ЈАРЕЦ
Задоволни сте од околностите во кои се наоѓате и не планирате поголеми промени на ова поле. Вашиот шеф и колеги исто така немаат никакви замерки на вашата работа. Ви се допаѓа личност од вашето блиско опкружување. Чувствувате дека сте подготвени да и се приближите и да почнете со разговор. Внимавајте на здравјето. Зголемете ја конзумацијата на витамини, за да го зајакнете имуниот систем.
ВОДОЛИЈА
Можете да се надевате на многу позитивен ден на работа. Атмосферата ви прилега и чувствувате дека сега е моментот да покажете што знаете и умеете. Може да се надевате на добра ситуација и кога станува збор на полето на љубовта. Вашиот партнер максимално ќе ви биде посветен и ќе направи сè за двајцата заедно уживате во врската. Внимавајте на здравјето и проблемите со крвниот притисок.
РИБИ
Доаѓа период на големи промени кога е во прашање работата. Ве чека период со многу активности и неизвесности. Чувствувате голема доза на љубов од страна на партнерот со кого од неодамна сте почнале да се гледате. Внимавајте на здравјето и проблемите со дигестивниот систем.
Текстот Дневен хороскоп за 25 ноември е превземен од Reporter.mk.