Славниот американски комичар Саша Барон Коен во својот неодамнешен говор силно ги осуди социјалните мрежи како што се „Фејсбук“, „Твитер“, „Јутјуб“, но и „Гугл“, нарекувајќи ги најголемата пропагадна машинерија во историјата.
„Ако им платите, Фејсбук“ ќе поддржи било каква политичка кампања, па дури и „фејк њуз“. Ако постоеше Фејсбук во 1930 година и Хитлер ќе можеше да се огласува на оваа социјална мрежа“, изјави Коен кој објасни како преку алгоритмите, овие гиганти огласите ги шират на целата публика и шират страв и невистина.
Коен во својот говор изјавил дека сите медиумски платформи, дозволуваат содржини со говор на омраза, само за да предизвикаат реакција и да добијат повеќе кликови.
Актерот се прослави со своите сатирични, фиктивни ликови Али Џи, Борат, Бруно, а во својата телевизиска серија Who is America?, успешно го исмеа американскиот патриотизам.
Текстот Саша Барон Коен: Ако „Фејбук“ постоеше порано, ќе му дозволеше на Хитлер да се огласува е превземен од Reporter.mk.