Моето срце и припаѓа на Лора, вели зетот на Турунџиева

Македонската пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева на големо се спрема за свадбата не ќерката Лора која ќе се мажи со нејзиното момче Филип.

„Моето срце ти припаѓа тебе, Лора Турунџиева“, вели Филип, кој реши ова да го испринта на маица и да го објави на социјалните мрежи.

Сузана за „Репортер“ неодамна ни раскажа како течат подготовките за свадбата.

 

„Подготовките течат со леснотија и радост. Без помпи, формалности и натегања. Двајцата се многу едноставни и не бараат невозможни нешта. Знаат што сакаат, и патем, многу се сакаат“, ни рече Турунџиева.

18-годишната Лора и 22-годишниот Филип се во врска скоро една година. Турунџиева, неодамна рече дека ако имала син, ќе сакала тој да е како Филип.

Лора е првата ќерка на Сузана, која ја има од бракот со пливачот Александар Маленко. Таа има и помала ќерка, Матеа, од бракот со Марјан Јовановиќ кој почина прес скоро две години.

Текстот Моето срце и припаѓа на Лора, вели зетот на Турунџиева е превземен од Reporter.mk.