За помалку од 48 часа, американскиот производител примил 146.000 нарачки за новиот модел Cybertruck.
Првиот човек на Tesla, Eлон Маск, во саботата се пофали со големиот број резервации за електричниот камион што беше откриен ноќта помеѓу четврток и петок.
Од гледна точка на заработка, ова се одлични податоци за Tesla бидејќи над 80% од потенцијалните клиенти имаат намера да трошат пари за поскапи верзии на камионетот.
Маск, исто така, се пофали дека толку многу нарачки се снимени без класичен маркетинг и рекламирање на возила. Сепак, треба да се потенцира дека сите оние кои нарачале Cybertruck не се сигурни клиенти, бидејќи на Tesla му се потребни депозити од само 100 долари за да се направи резервација.
Текстот Над 150.000 нарачки за футуристичкиот електричен камионет на Tesla е превземен од USB.mk.