Добрите работи доаѓаат во мали пакувања.
Па, истото важи и за чантите. После минијатурните чантички за телефон кои можевме да ги видиме на Модната недела минатата сезона, на ред дојдоа и чантите без кои не можеме. Наместо гломазните торби, кои се секогаш во мода и кои можат да соберат еден цел „свет“, од сега можете да носите и мали чанти кои собираат токму онолку колку што е потребно за да се зачини вашиот стајлинг.
Морате да признаете дека е полесно е да носите само неколку работи во мини-торбичката: нема тежина од која ќе ве боли рамото, не мора да ги барате клучевите или карминот пола час итн. Исто така, овој нов тренд по малку нѐ враќа во детството, кога добивавме мали ташнички за нашите ситници кои моравме да ги носиме секаде со нас.
Почнавме да ги носиме само најважните работи, а останатите ситници кои никогаш и не ни беа поребни ги исфрливме од нашите торби и повремено ги додаваме кога навистина ни се потребни, но не толку често. Сега на прво место е уредноста и ефикасноста, како и полесното пронаоѓање на работите низ чантата. Сега сме спремни за мини торби и чантички. Овие „бебиња“ може да бидат и клач-чанти, а нивниот деликатен квалитет ќе ги направи доволно елегантни за некоја венчавка или романтична вечера.
Ние за вас избравме неколку парчиња, па погледнете ја нашата галерија и инспирирајте се, како за оваа сезона, така и за следната…
Текстот Мини чанти – тренд кој ќе ве врати во детството е превземен од Reporter.mk.