Јато птици ги исплашија службите во Белата куќа

Јато птици предизвикаа голема узбуна во „Белата куќа“ во вторникот, по што службите морале за кратко време да ја затворат, пишуваат американските медиуми. Покрај Белата куќа, била евакуирана и зградата на Конгресот.

Опасноста траела околу 30 минути, а Командата за воздухопловната одбрана на Северна Америка потврдила дека испратила борбени авиони за да се пресретне со неидентификуваниот објект.

Воени извори велат дека на радарите биле забележани неидентификнува објекти и дека службите морале да бидат подготвени за евентуални можни напади.

Американските власти се сомневаат дека веројатно станува збор за јато птици, беспилотни летала или пак атмосферска аномалија.

Воен извор изјавил дека хеликоптерите и ловците кои биле испратени да го истражат воздушниот простор над главниот град на САД, не нашле нешто што би ја поддржало теоријата за птиците, но други два извори за „Капитол“ пак го тврдат спротивното.

Тие велат дека мистериозниот објект кој се појавил на радарот веројатно биле птици, затоа што се движеле релативно со бавно темпо, а потоа исчезнале од радарите.

Една од снимките во разговорите меѓу контролата на воздушниот сообраќај и пилотите на воените авиони, потврдува дека едниот од пилотите пријавил јато птици во воздушниот простор. Поголемиот дел од американските медиуми пренесоа дека во вторникот бил нарушен воздушниот простор на Вашингтон.

Текстот Јато птици ги исплашија службите во Белата куќа е превземен од Reporter.mk.