Српскиот рапер и член на групата 187, Бане Ковачевиќ, познат како Бане 187, почина ноќеска по операција на срцето, пишуваат српските медиуми. Тој последните неколку денови ги помина во болница.
Јавноста не знаеше за неговата здравствена состојба се додека музичарот во август годинава не сподели на социјалните мрежи негова фотографија од пред Клиничкиот центар.
„Борбата заврши, излегов како победник“, напиша Бане на „Фејсбук“.
Групата 187 беше позната по хитовите „Никад нечеш знати“, „Сликај“, „Једна од многих других“, а престана со настапи пред 15 години.
Текстот (Видео) Почина српскиот рапер Бане 187 е превземен од Reporter.mk.