Комеморација за Ванчо Петрушевски

Комеморацијата за актерот Ванчо Петрушевски (67), ќе се одржи денеска во Драмскиот тетатар со почеток во 10 часот.

Петрушевски настрада во саботата од струен удар додека рабтел качен на метална скала со електричен заварувач во неговата викендичка во Орешани. По ударот Петрушевски починал на самото место.

„Џинот од македонската актерска сцена својата кариера ја помина токму во Драмски театар уште од 1975 година и остави безброј актерски остварувања. Комеморацијата за Ванчо Петрушевски ќе се одржи со почеток во 10 часот во просториите на Драмски театар Скопје“, известија од Драмскиот театар.

Текстот Комеморација за Ванчо Петрушевски е превземен од Reporter.mk.