Дали кравите кои носат VR кациги даваат поквалитетно млеко?

Немаат само луѓето корист од употребата на VR технологијата. Фармерите од околината на Москва направија интересен експеримент – модифицираа VR кацига за да можат да ја носат кравите, со цел да утврдат дали би можеле на тој начин да го подобрат расположението. На VR-екраните проектирано е симулирано сончево поле, со светли бои кои ги стимулираат очите на животните, оставајќи им впечаток дека се на отворено поле, наместо во некој тор.

Се покажа дека експериментот е успешен, барем на некое основно ниво. Првиот тест покажа дека кравите биле помалку нервозни и станале почувствителни. Во овој момент, сè уште не е познато дали постои директна врска помеѓу подобрувањето на квалитетот или количината на млеко кои го давале кравите, но постојат планови да се направи сеопфатна студија на оваа тема.

Секако, се поставуваат и неколку прашања на кои не е тешко да се дадат одговори. На пример, зошто кравите да не се пуштат на ливада наместо да им се ставаат VR кациги? Финансискиот аспект тука не би требало да претставува проблем, бидејќи секако е поевтино да се закупи некоја ливада, отколку да се набават VR кациги за секоја крава на фармата.

Другiot проблем што се јавува е од логистичка природа – напојување на ваквите VR кациги. Тие мора да имаат свој извор на енергија, но тие исто така мора да се полнат. Дури и на помалите фарми, со неколку десетици крави, ова би било сериозен проблем. Исто така, постои и проблемот на стрес кога кацигите ќе се отстранат од очите на кравите и кога ќе се вратат во реалност… Со други зборови, оваа идеја, дури и ако се покаже делотворна, најверојатно ќе остане само на ниво на истражување.

 

Текстот Дали кравите кои носат VR кациги даваат поквалитетно млеко? е превземен од USB.mk.