Дневен хороскоп за 28 ноември

ОВЕН

Колегите и вашите претпоставени ќе се обидат на секаков начин да ве спречат да ги исполните вашите замисли и цели. Обидете се да останете смирен и да не паѓате на провокации. На крајот сè ќе си дојде на свое место. Не сте задоволни во љубовта. Сами сте и имате потреба да најдејете некого со кого ќе го поминете остатокот од вашиот живот. Не очајувајте. Во наредниот период многу веројатно е дека ќе ја пронајдете таа личност. Внимавајте на здравјето. Имате чувствителна бешика.

БИК

Ќе имате можност да се покажете пред вашиот шеф. Искористете ја шансата и вложете го целиот потенцијал. На крајот ќе успеете да го добиете посакуваното унапредување кое носи многу поголема плата од сегашната. Во наредниот период во разговорите со вашиот партнер ќе откриете некои работи кои досега не сте ги знаеле за него. Вашата врска ќе се зацврсти и ќе доживеете многу убави заеднички моменти. Внимавајте на здравјето. Имате чувствителни синуси.

БЛИЗНАЦИ

Ве чека стабилизација на полето на финансии. Генерално сте задоволни од работата и односот кој го имате со вашите колеги и шефови. Среќни сте покрај вашиот партнер и чувствувате дека имате сè што еден човек може да го направи среќен. Вашата врска функционира одлично и задоволни сте и двајцата еден од друг. Внимавајте на здравјето. Сега е идеален период да почнете со диета.

РАК 

Денот на работа нема нималце да ви биде лесен. Чувствувате постојано притисок од колегите и шефот дека работата ја вршите многу бавно. Останете смирен и не влегувајте во беспотребни кавги и расправии. Стигнавте до точка во која повеќе не можете да го трпите вашиот партнер. Чувствувате дека се ближи крајот на вашата врска. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со очите.

ЛАВ

Разочарани сте затоа што не можете да го реализирате тоа што сте го планирале во изминатиот период. Треба да покажете повеќе трпение пред колегите и шефот. Не очајувајте. Во наредниот период ќе успеете целосно да се реализирате, а вашите претпоставени ќе бидат задоволни од сработеното. Се сомневате во искрените намери на вашиот партнер. Кај вас се јавува чувство на љубомора и завист и не знаете како да продолжите во врската. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на депресија.

ДЕВИЦА

Со тоа што ќе се обидете да им помогнете на вашите колеги да ја завршат работата, несвесно го загрозувате вашето работно место. Внимавајте како се однесувате и со шефот. Ве чекаат многу неизвесни моменти на полето на работа. Во моментов не сте расположени за нова врска, затоа што сеуште имате силни чувства кон личност од минатото. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со зглобовите.

ВАГА

Ве чекаат еден куп обврски и не знаете дали ќе имате време да ги решите сите задачи на работа. Чувствувате голем притисок од вашите надредени. Постојано сте под стрес. Обидете да останете смирен и сконцентриран. Полека завршувајте ги задачите една по една. Не паѓајте на провокациите на вашите колеги и на крајот од денот, работите ќе си дојдат на свое место. Имате впечаток дека повеќе не можете да живеете со вашиот партнер. Постојаните кавги и расправии ви го отежнуваат животот и сакате да ставите крај на врската. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на силни главоболки.

СКОРПИЈА

Ве очекува поволен ден на работа. Можете слободно да се опуштите и да уживате во денот. Изминатиот период завршивте голем дел од задачите и чувствуавте дека заслужувате одмор. Подготвени сте целосно да му се посветите на вашиот партнер и да направите нешто што дополнително би ја зацврстила вашата врска. Ве чекаат многу убави заеднички моменти. На полето на здравје немате никакви проблеми.

СТРЕЛЕЦ

Барате работа која ќе биде соодветна на вашите способности и која ќе ви донесе голема заработка. Очекувајте големи промени на ова поле. Наскоро ќе ви се укажат многу шанси, а на вас останува да ги искористите. Лошите искуства од минатото ќе ви помогнат во потрагата по нов партнер. Подготвени сте за нова љубовна авантура. Внимавајте на здравјето и проблемите со големиот број килограми.

ЈАРЕЦ

Наскоро очекувајте деловно патување кое ќе ви донесе голема заработка. Досега сте задоволни од околностите на работа и остварената заработка, но чувствувате дека можете и повеќе да допринесете на ова поле. Личноста со која те во врска ќе покаже знаци на љубомора. Таквиот однос ви смета и полека ќе се одлучите да се дистанцирате од неа. Чувствувате дека надоаѓа крајот на врската. Внимавајте на здравјето и проблемите со кожата.

ВОДОЛИЈА 

Ве чека поволен ден кога е во прашање работата. Проблемите кои сте ги имале оставете ги зад вас. Фокусирајте се на односот со вашите колеги и претпоставени. Тие очекуваат да го покажете најдоброто од вас. Искористете ја шансата и нема да зажалите. На крајот од месецот ќе бидете соодветно наградени за постигнатиот успех. Ве чека период во кој ќе запознаете нова личност. Се чувствувате подготвен за почеток на една нова љубовна авантура. Со здравјето сè е во ред. Немате никаква причина за загриженост.

РИБИ

Нервозни сте и чувствувате дека многу од вашите колеги и претпоставени ви прават сопки на работа. Нарушениот однос со нив само дополнително ја влошува атмосферата. Несреќни сте и размислувате да дадете отказ. Партнерот бара од вас да се промените, ако сакате врската да опстои и во иднина. Внимавајте на здравјето и проблемите со забите.

 

 

 

Текстот Дневен хороскоп за 28 ноември е превземен од Reporter.mk.