(Видео) Свиња нападна новинар додека известуваше од терен

Свиња го нападна грчкиот новинар Лазос Манитикос додека известуваше од поплавеното подрчаје недалеку од Атина. Таа влезе во кадарот и почна да го гриза Манитикос.

Животното за кое се верува дека побегнало од некоја фарма во близина, прво почна да му ги мириса нозете на Манитикос, а потоа почна да го брка и гризе. Минитикос безуспешно се обидуваше да ја отргне од себе.

Настанот се случил додека Манитикос известувал во живо за емисијата „Добро утро Грчка“, а неговите колеги во студиото не можеле, а да не се насмеат кога виделе кога свињата почна да го брка Манитикос.

Откако новинарот не можеше да се ослободи од свињата, организаторите мораа да го прекинат јавувањето во живо.

Текстот (Видео) Свиња нападна новинар додека известуваше од терен е превземен од Reporter.mk.