Хрватската пејачка Северина го изгуби старателството над синот Александар, пишуваат хрватските медиуми. Како што пренесува хрватскиот медиум 24часа.хр судијката Теа Голуб донесе привремена мерка Александар да живее со татко му, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ. Од правниот тим на Поповиќ изјавија дека се задоволни од одлуката.
„Задоволни сме од пресудата иако сеуште не е правосилна. Се надеваме дека мајката ќе се држи до привремените мерки“, изјавил адвокатот на Милан.
Хрватскта пејачка во солзи дала изјава за хрватскиот „Јутарњи. лист“. Таа вели : Незнам што да ви кажам, не го очекував ова, затоа што е направен преседан во постапката“
Северина и Милан денес не се појавија во Општинскиот граѓански суд во Загреб каде се водеше битката околу сатартелството над синот.
Српскиот бизнисмен сега треба да се грижи за здравјето и образованието на детето. Ова, е наведно во пресудата, но не е прецизирано на која адреса, Александар треба да живее.
Адвокатите на Северина велат дека ќе се обидат да ја оспорат ваквата судска одлука и дека против Милан Поповиќ ќе поднесат казнена пријава за кршење на детските права.
Текстот Северина го изгуби старателството над синот е превземен од Reporter.mk.