Џош Раднор ги малтретира соседите

Главниот лик во американската серија „Како ја запознав мајка ти“ Џош Раднор, веќе подолг период им проблеми со неговите соседи Скот и Џенис Андерсон. Брачната двојка била принудена да побараат да му биде забранет пристап за доближување поради како што тврдат, неугодносите кои им ги предизвикал актерот.

Џош Раднор постојано излегувал без маица и секогаш викал по нив гостите во дворот, пишува „Дејли Мејл“.

Проблемите настанале на почетокот на минатата година, кога Џош го срушил ѕидот кој ги двоел нивните дворови во предградието „Холивуд Хилс“ во Лос Анџелес.

Семејството Андерсон тврди дека после тоа почнале малтретирањата и затоа одлучиле да поднесат барање за судска забрана. Судот го одобрил ваквото барање. Актерот сега не смее да им се доближи на далечина помала од 6,5 метри.

Актерот тврди дека и него му е непријатно поради однесувањата на брачната двојка. Џош тврди дека тие постојано се прекачувале преку оградата без негова дозвола. Актерот барал судска забрана за доближување и за нив, но судот го одбил ваквото барање.

Поранешниот сопственик на куќата на Раднор, со соседите потпишал договор кој дозволува доизградба на имотот на Раднор, но само во случај ѕидот и патеката да си останат на истото место. Актерот не се придржувал до ваквите услови, а адвокатите на брачната двојка истакнуваат дека тие имаат дозовла да бидат на дел од земјиштето каде градел Раднор, затоа што тоа е дел од нивниот имот.

 

Текстот Џош Раднор ги малтретира соседите е превземен од Reporter.mk.